Клиника за психијатрија

Меѓународно истражување за менталното здравје за време на мерки за коронавирус

Клиниката за психијатрија е активно вклучена во борбата со коронавирусот и веќе се отворени повеќе телефонски линии за психолошка поддршка, а во наредниот период ќе се организираат и повеќе активности и превенција за менталното здравје.

Фото: Роберт Атанасовски

Од Клиниката информираат дека во тек е меѓународно истражување за менталното здравје на населението за време на мерките за контрола на пандемија со овој вирус. Координатор на истражувањето е италијанското здружение за социјална психијатрија „Societa Italiana di Psichiatria Sociale“ (www.psichiatriasociale.org), а истражувањето се спроведува во повеќе европски земји. Координатор за Македонија е токму Универзитетската клиника за психијатрија - Скопје.

Оваа студија, како што велат оттаму, се спроведува со цел проценка на влијанието на пандемијата ковид-19, воведениот карантин врз менталното здравје кај нашето население и да се развијат соодветни здравствени интервенции.

Истражувањето е доброволно, анонимно и информациите ќе бидат третирани како доверливи и во согласност со постојните закони.

Истражувањето „Ковид-19 и ментално здравје“ е на овој линк

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе