Меѓу заразените со ковид-19 во Тетово има и членови на медицинскиот персонал

Д-р Гзим Нуредини, координатор во ковид-центарот на тетовската клиничка болница вели дека заразени со ковид-19 се и членови на медицинскиот персонал. Тој апелира дека мора да бидеме внимателни во битката со вирусот и дека ова што периодот го живееме е буквално како битка после битка.

„Како во претходните бранови на голем број заразени со Ковид-19, и сега има медицински лица од тетовската клиничка болница кои се болни поради коронавирусот. За среќа нема ниту еден на болничко лекување. Имаме и сега некои луѓе од медицинскиот персонал заболени од Ковид-19. Имаме со лесна симптоматологија и некои се дома на изолација. Тоа не влијае на работниот процес на клиниката. Тие се со лесна клиничка слика и едвај чекаат да се вратат на работа, но мора да поминат 10 дена во изолација", изјави д-р Гзим Нуредини, координатор во ковид-центарот на тетовската клиничка болница.

Тој потенцира дека вакцинацијата и придржувањето на мерките се единствениот начин Тетово да ја помине епидемијата.

„Ова е како да била некоја битка и сега сме после битка. Ние ги собираме последиците. Тоа не значи дека ако тераме по старо ќе имаме помали битки или уште хоспитализирани. Така што, ако тоа сме го направиле сега сме свесни и мора да се дисциплинираме – маска, дезинфекција на раце, дистанца и почутвање на останатите мерки", објаснува д-р Нуредини.

Тој апелира на поголема внимателност затоа што коронавирусот, пред се кај младите, минува без симптоми, а притоа може да се заразат други луѓе.

 

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе