Медицинскиот техничар Јорген од Шведска одлично се вклопи со новите колеги, велат од Инфективна клиника

Ханс Јорген Михаел Селберг е медицински техничар од Шведска којшто пристигна во земјава на 4 август преку европскиот механизам за цивилна заштита за да им помогне на своите колеги во Инфективната клиника при нега на пациенти болни од ковид-19.

Од Инфективната клиника велат дека Јорген одлично се вклопил во работниот процес со своите нови колеги. Тој им ги пренел своите искуства на колегите од Македонија, а тие му помогнале да се вклучи во работните процеси.
„Незимерно сме благодарни на неговата солидарност и желба за помош и се надеваме дека ваквите иницијативи за меѓусебно помагање ќе продолжат и во иднина“, велат од Клиниката.
Работниот ангажман на Јорген ќе трае еден месец, а во целиот овој период тој ќе работи на Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби.
Преку Дирекцијата за заштита и спасување, која е главен координатор на европскиот механизам за цивилна заштита од почетокот на кризата со ковид-19 досега беше реализирана поддршка за повеќе државни институции во нашата земја меѓу кои и за Министерството за здравство.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе