Маж хоспитализиран со ковид-19 во Струга, се вратил од патување во Занзибар

Маж е хоспитализиран поради ковид-19 о Струга, а според првичните информации се вратил од патување во Занзибар, Африка. 

Директорот на болницата за нефрологија во Струга, доктор Александар Попоски, за „Слободен печат" потврди дека од Битола му бил препратен пациент кој бил на патување во Занзибар, Африка и потоа со позитивен корона тест завршил в болница, исто како и неговата сопруга која била хоспитализирана во Скопје.

Не се завршени анализите во МАНУ кои треба да потврдат или да негираат дека станува збор за јужноафриканскиот сој на коронавирусот.

„Има еден пациент кој ни дојде од Битола ненајавено. Во петокот слетал од Истанбул од Танзанија патувал, во Занзибар. Таму бил 15 дена со сопругата и два дена пред да дојде кренал температура. Дојде со висок креатинин и потврден на коронавирусот, без да ни кажат од битолската болница дека патувал во Африка, со што постои ризик. И вчера инсистиравме да се префрли во 8 Септември. Уште го немам вклучено на дијализа, стабилен е меѓутоа податоците отпосле се дека сопругата му била хоспитализирана во Скопје и заедно биле на пат. Сатурацијата му е добра“, изјавил доктор Попоски.

Болницата уште утре ќе испрати материјал во МАНУ да се види дали се работи за јужноафриканскиот сој. Направен му бил и брз тест пред хоспитализацијата во Струга.

Во врска со овој случај очекуваме и официјални информации од Комисијата за заразни болести и од Министерството за здравство. 

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе