На видикот бојкот на наставата во четврток

Матурантите најавуваат дека ќе си го продолжат зимскиот распуст

„Од четврток, 21 јануари 2021, матурантите ќе 'продолжат' со зимскиот распуст со бојкотирање на наставата сè додека нашите барања за модификација на содржината на државната матура не бидат прифатени од образовните органи. Придружете ни се!“, со оваа порака упатена и преку Фејсбук, претседателот на Сојузот на средношколци Бленди Ходаи ги повика матурантите на бојкот на наставата.

Во соопштение издадено претходно, Сојузот на средношколци информира дека е донесена одлуката да се започне со бојкот на часовите во четвртата година од четврток, 21 јануари 2021 година додека не се исполнат условите за полагање на испитот за државна матура.

„Одлуката за бојкот дојде откако образовните институции, односно Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар покажаа дека не се подготвени да соработуваат со нас и да прифатат наши барања за да се постигне успешна реализација. Ги покануваме сите матуранти да ни се придружат", се вели во соопштението.

Ходаи вели дека наместо четири предмети, бараат да се полагаат два предмета, од кои едниот ќе биде задолжително мајчин јазик - македонски, албански, турски, а вториот е проектен предмет. Нагласува дека во многу западни земји, поради пандемијата, полагањето на матурата е сведено на еден предмет, а во Франција, заради пример, тој предмет е по избор на самиот ученик.

Тој нагласува дека не се бара укинување на матурата, зашто таа е законски дефинирана, но е и своевиден сертификат за продолжување на образованието во странство и посочува дека проблемите во текот на минатата година биле сериозни и дека е потребно олеснување на тој процес. Вели, бараме поедноставнување на наставната програма и олеснување на испитните прашања.

„Наставата од далечина остави штетни последици врз менталното здравје на учениците, нивната потреба и врз квалитетот на самиот наставен процес. Во многу случаи, наставата од далечина беше и дискриминаторска – таа не дозволуваше еднакво учество на средношколците кои немаат пристап до ИКТ опрема или интернет", вели лидерот на средношколците и додава дека бараат да се воведе комбинирана настава за да се обезбедат трите клучни аспекти на наставата за време на пандемијата: безбедноста на учениците, квалитетот на наставата и превенција на негативните општествени последици.

За барањата разговаравме уште на почетокот на декември во Министерството за образование и со министерката, им ги доставивме барањата, но немаме никаков позитивен одговор, нагласува Ходаи.

П.Џ.


Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе