Матурантите екстерните испити од државната матура ги поминаа со просек 3,61

Матурантите годинава покажаа подобри резултати на полагањето на екстерните испити од државната матура во споредба со 2019 година и на државно ниво средната оценка изнесува 3,61, додека во 2019 година била 3,48, информираше Елизабета Наумовска, директорка на Државниот испитен центар.

Според Наумовска, бројките покажуваат дека годинава и со онлајн наставата се постигнале повисоки резултати и успеси.

Денеска попладне резултатите ќе бидат објавени на огласните табли на училиштата и на сајтот на Министерството за образование, а исто така од денеска почнува да тече тридневниот рок за приговори на учениците, при што цената на поднесокот е 1500 денари. Со овој износ, вели Наумовска сакаат да го намалат бројот на неосновани приговори.

Предметот македонски јазик и литература го полагале 10.647 ученици и постигнале средна оценка 3,93 за разлика од 2019 година кога ова оценка била 3, 69.

Албански јазик и литература полагале 3.873 ученици, а постигнале средна оценка 3,59 и тука е регистрирано уназадување во споредба со 2019 година кога средната оценка изнесувала 3,85.

Предметот турски јазик го полагале 253 ученици, а средната оценка изнесува 3,57.

Кај странските јазици уназадување во средната оценка има за англискиот и францускиот, а кај германскиот и кај рускиот има подобрување во редната оценка споредбено со 2019 година.

Кај предметот математика има подобрување. Него го полагале 1.510 ученици, а средната оценка сега е 4,07 за разлика од 2019 година кога изнесувала 3,66.

Мало уназадување во средната оценка има кај предметот естетика, додека за предметот филозофија годинава за разлика од 2019 година е постигнат подобар резултат.

На 12 јули ќе бидат објавени конечните резултати од јунската сесија на државната матура, а следниот термин за полагање во август.

 

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе