Со писмо до Спасовски и Филипче

Матичните лекари бараат сет економски мерки и за нив

Здружението на лекари по општа и семејна медицина во писмото што го испратиле до премиерот Оливер Спасовски и до министерот за здравство Венко Филипче, бараат пакет економски мерки за подршка на матичните лекари.

Тие во писмото наведуваат дека во време на пандемијата на ковид-19, матичните лекари беа и сѐ уште се на првата линија во справување со овој вирус и оти со нивната ангажираност и посветеност, го амортизирале притисокот врз секундарното и терциерното ниво и придонеле за успешно справување со пандемијата, намалување на кривата на новозаболении неоптоварување на болничкиот сектор.

Од воведување на алгоритмот за скрининг за ковид-19 од 23 март до 30 април, матичните лекари закажале вкупно 3.131 пациенти за контролни брисеви, а 730 пациенти со докажан вирус ковид-19 беа следени на домашен третман.

Тие наведуваат дека одговориле на предизвикот во справување со ковид-19, но, велат претстојат нови предизвици со што дополнително ќе се зголеми интензитетот на употреба на нивните здравствени услуги, но и до Burn out синдром кај нив – обезбедување и носење лична заштитна опрема, следење на пациенти кои прележаа ковид-19 и рано откривање на можни последици од него, скрининг и рана дијагноза на незаразни заболувања, грижа за пациенти со хронични незаразни заболувања, решавање на проблеми на ментално здравје, домашно насилство, воведување на новиот модел на примарна заштита, примена на упатства за најчестите хронични незаразни заболувања…

„Пандемијата влијае на целокупната егзистенција на државата, здравствено и финансиски, но влијае и врз финансиско опстојување на амбулантите во ПЗЗ: понатамошно обезбедување на ЛЗО, обезбедување услови на безбедна работа со пациенти и секако исплата на плати за вработените. Матичните лекари нема да можат да опстанат и ќе бидат приморани да ги затворат своите ординациите“, наведуваат во писмото.

Тие уште тврдат дека матичните лекари се заборавени од институциите и се ставени во нерамноправна положба, потенцирајќи дека се приватни здравствени установи и дека треба сами да си обезбедат средства за работа.

„Ви се обраќаме со сета сериозност на околностите, да ни излезете во пресрет на нашите барања: награда на сите здравствени работници-тимови на матични лекари кои се грижат за пациенти со ковид-19 во домашен третман и ќе се грижат на пациенти кои прележале ковид-19, рано откривање на компликации. Вредносни ваучери кои ќе можат да ги искористат за набавување на средства за ЛЗО и хигиенски материјали“, бараат лекарите во писмото.

Исто така, бараат пакет економски мерки за подршка на матичните лекари, реализирање на ветеното покачување на бодот за капитација на 90 денари и натаму наведуваат дека дополнително треба да се земе предвид фактот дека капитациите за исплата за тековните месеци ќе бидат намалени поради големиот број на отпуштања од работа што следеа во приватниот сектор.

„Сто отсто исплата на сите прикрепени осигуреници. Да се укине дестимулативен начин на исплата каде што матичен лекар со поголем број на пациенти се исплатува со 70 отсто и 45 отсто од вредноста на бодот, во подрачја во кои постои затвореност на мрежата на здравствени установи со години и неможност за отварање и вклучување на нови матични лекари во тимови“, бараат матичните лекари во писмото до Спасовски и Филипче.

Тие пишуваат дека матичните лекари мора да бидат вклучени во донесување на одлуки за справување со пандемијата, за да може да се обезбеди силен систем на примарна здравствена грижа кој е од суштинско значење за обезбедување на висококвалитетна грижа и спроведување на мотото на СЗО „Здравје за сите“.

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе