Масовна вакцинација во три нови пунктови - Струмица, Прилеп и Велес

Струмица, Прилеп и Велес се трите градови во кои исто така ќе се формираат вакцинални пунктови, по примерот на досега отворените шест во Скопје, Кавадарци, Тетово, Охрид, Битола и Штип.

Владата на денешната седница ја разгледала и усвоила Информацијата за формирање на регионални центри за ковид-19 вакцинација за Струмица, Прилеп и Велес и го задолжила Министерството за здравство, во соработка со општините Струмица, Прилеп и Велес, да го координира спроведувањето на неопходните активности за формирање на регионални вакцинални пунктови за масовна вакцинација против ковид-19 во овие градови.
Како што соопшти владината прес-служба, со оваа одлука Владата им препорачува на општините Струмица, Прилеп и Велес да учествуваат во уредување на вакциналните пунктови во соодветни спортски сали.

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе