Владата ги прифати препораките од Комисијата за заразни болести

Маските се укинуваат, остануваат задолжителни во јавниот превоз, аптеките, здравствените и старечките домови

Откако претпладнето Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) ги усвои заклучоците од Комисијата за заразни болести, и Владата на денешната редовна седници ги донесе новите ковид-мерки со кои меѓу другото се укинува носењето маски во затворен простор. Со новите одлуки останува задолжително носењето маски во затворeни простории освен во здравствени домови, аптеки, јавни превозни средства (автобус, воз, авион, такси), установите за згрижување на стари лица и лица со посебни потреби.

Новата одлука на Владата прв ја објави преку својот фејсбук профил првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

Со новата одлука и учениците од средните училишта можат да ја следат наставата со физичко присуство без задолжително носење на заштитни маски.

Се укинува забраната за организирање екскурзии и настава во природа во основните и средните училишта и се дозволува работата со физичко присуство на лекарските комисии за утврдување на надоместоци за попреченост и комисиите за утврдување право на помош и нега од друго лице.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе