Комисијата за заразни болести предлага олабавување на мерките

Маските да останат задолжителни само во јавниот превоз, аптеките, здравствените установи и старечките домови

Комисијата за заразни болести денеска даде препорака да се укине мерката за задолжително носење на маски во затворен простор со исклучок на здравствените установи, домовите кои згрижуваат постари лица, аптеките и јавниот превоз, како и укинување на епидемиолошкото следење на контактите и последователната препорака за изолација на контактите.

„На денешниот редовен состанок на Комисијата за заразни болести најпрво ја разгледавме епидемиолошката состојба во државата и заклучивме дека моменталните услови ни овозможуваат да размислуваме за намалување на рестриктивните мерки и се согласивме да препорачаме укинување на мерката за задолжително носење на маски во затворен простор. Од оваа мерка се исклучок здравствените установи, домовите кои згрижуваат постари лица, аптеките и јавниот превоз, каде останува задолжителното носење на макси. Од сите останати затворени простор маските може да се носат само по желба на индивидуите, но задолжително носење не се практикува веќе“, истакна на прес-конференција претседателот на Комисијата, д-р Александар Петличковски.

Тој додаде дека станува збор за две крупни промени.

„Како што зборувавме повеќе недели наназад, ние ја проценуваме епидемиолошката состојба и планираме постепено олабавување на мерките, бидејќи не сакаме наеднаш да се соочиме со зголемен ризик. Овие препораки ги препраќаме до Главниот кризен штаб“, додаде д-р Петличковски.

Toj нагласи дека сепак, добро е повозрасните и лицата кои се имунокомпромитирани, и тие кои се со хронични болести да носат маски.

„За нив препораката останува. Значи, нема задолжение, но има препорака, бидејќи носењето маска е ефикасна мерка за заштита од пренесување и за заштита на здравјето“, рече Петличковски.

Портпаролот на Комисијата, д-р Злате Мехемедовиќ предупреди на внимателност бидејќи во наредниот период имаме празници и зголемени контакти меѓу граѓаните.

„Сега сме во пресрет на празници кои можат да бидат една од причините да имаме зголемување на бројот на новозаразени во текот на наредниот период и затоа внимателно чекор по чекор ќе одиме во насока на тоа да ги релаксираме мерките. Маските се една од големите рестриктивни мерки која се укинува. Да почекаме во наредните недели да ја следиме епидемиолошката состојба, доколку има можност и за тоа секако ќе се разговара и за сертификатите генерално не само за влез во државата, туку и за користење во затворени простории“, рече Мехмедовиќ.

Во врска со новата подваријанта на омикрон XE, д-р Петличковски рече дека во моментов нема место за поголема загриженост затоа што се работи за варијанта на поблаги симптоми.

„Тоа е еден хибрид помеѓу омикрон варијантите БА1 и БА2, значи веќе видени симптоми, начин на пренос се знае дека е високопренослива, но не ги потиснува веќе постоечките варијанти со таква прогресија како што тоа го направи омикронот“„ објасни Петличковски.

Мехмедовиќ рече дека не е првпат да има хибридни варијанти кои ги имало секогаш кога ќе се појави нов сој.

„Комбинацијата помеѓу двете варијанти создаваше такви хибридни варијанти. Многу е мала концентрацијата односно дисеминацијата на тие хибридни варијанти. Се сеќавате дека имавме делта хибридна варијанта кога беа присутни и делтата и омикронот. Во моментот кога ќе се изгуби присуството на едната варијанта и кога ќе остане само една единствена варијанта тогаш веќе хибридната варијанта се губи. Така што не е ова првпат да имаме случај на појава на хибридна варијанта во текот на пандемијата. Практично, преминувањето од една до друга варијанта кога ги имавме и алфата, и делтата и омикронот се случуваа такви хибридни варијанти и тоа не е нешто што е проблем, така што нема сега во моментов апсолутно никаква причина за загриженост“, истакна Мехмедовиќ.

Докторите на прес-конференцијата нагласија дека предложените, како и следните мерки на олеснување од рестрикциите не значат дека пандемијата е завршена.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе