Често поставувано прашање

Маска на лицето и по две примени дози на вакцина? Да!

Поборниците за вакцинација против ковид-19 често пати може да се слушнат како велат: „Одвај чекам да ги примам двете дози на вакцина и да престанам да излегувам со маска на лицето“. Институтот за јавно здравје на таквите прашања одговара: „Маска треба да се носи на лицето и по две примени дози на вакцина“.

Вакцините против ковид-19 се единственото решение за запирање на пандемијата со коронавирусот, а маските придонесуваат за лична заштита, заедно со одржувањето на растојание од најмалку два метра и хигиена на рацете. Овие фрази секојдневно ги слушаме од лекарите.

Но, често поставувано прашање е дали може маските да ги симнеме откако ќе бидеме вакцинирани и ревакцинирани против коронавирусот.

Имунолозите велат дека маските уште долго ќе ги носиме. Вакцините пружаат одлична имунолошка заштита, но ниедна вакцина не заштитува 100 отсто. Штитат во над 90 проценти од случаите. Веројатноста од зараза постои, но со примените дози на вакцина најверојатно дека болеста лесно ќе помине.

Од друга страна, вакцинираното лице може вирусот да го „собере“ и да не се разболи, но преку издишување сепак некому кој не е е заштитен да му го пренесе.

Инситутот за јавно здравје на својата интернет страница ја помести и оваа фотографија - како одговор на тоа често поставувано прашање дали да се носи маска и по две примени дози на вакцина. ДА! - е одговорот.

Освен тоа, задолжително останува носењето на маски и на отворен и во затворен простор. Полицијата не прашува кој е вакциниран или кој ја прележал болеста. За неносење маска се изрекува прекршочна казна.

П.Џ.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе