Масовната дигитализација ќе продолжи

Манчевски: Со електронски рецепт изминатите два месеца се издадени 95 проценти од лековите

Деведесет и пет проценти од вкупно препишаните рецепти во изминатите два месеца се издадени електронски,  односно 95 проценти од лековите на пациентите им биле дадени без хартиен рецепт, рече денеска на прес-конференција министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Со Проектот за електронски рецепт веќе два месеца препишувањето и издавањето лекови се врши без употреба на хартија и физичка посета на матиниот лекар и преку него досега се креирани над три милиони рецепти за хронична акутна терапија.

Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата кажа дека се покажало дека е одличен модел и проект електронското издавање рецепти, што почна пред кризата со ковид-19, а со цел да се избегне непотребното доаѓање на пациентите, пред се, на тие со хронична болест, и кај матичниот лекар и во аптеките.

„Со оваа алатка се модернизираше процесот на препишување и издавање лекови без хартија односно преку електронски рецепт. Тоа е нешто што ја олеснува целокупната постапка за издавање на рецептите за пациентите, а од што продобивка имаат не само пациентите, туку и матичните лекари и аптекарите, фармацевтите и Фондот за здравствено осигурување. Пациентите добиваат ефикасен пристап до лекови и поефикасна здравствена заштита. Матичните лекари веќе не се оптоварени со дополнителна работа, а тоа е пополнување на хартиениот рецепт, туку софтверскиот рецепт е директно достапен во аптеките и во исто време Фондот за здравствено осигурување има во вистинско време информација за тоа кој матичен лекар за кој пациент какви лекови препишува“, рече Филипче.

Како што појасни Манчевски, новиот систем е многу едноставен за користење од граѓаните. Пациентите по телефон се јавуваат кај матичниот лекар, лекарот го издава соодветниот еектронски рецепт, а потоа граѓаните само со документ за лична идентифкација можат да го подигнат лекот во која било аптека. За хронично болните пациенти е овозможено и друго лице наместо нив да го стори тоа, доколку болниот не е во можност.

„Оваа услуга го автоматизира и значително го поедноставува издавањето на рецептот, се исфрлаат од употреба термините, граѓаните добиваат побрза и поефиканса услуга, а матичните лекари се растоваруваат и се автоматизира работата“, рече Манчевски.

Електронскот рецепт, како што рече, е трајна придобивка во услови на тековната здравствена криза особено им помага на граѓаните и на лекарите, но откако  ќе помине кризата чекањето во редови на лекар и во аптека ќе бидат минато.

Манчевски најави дека со тековната масовна дигитализација следни проекти се електронско запишување деца во градинка и во училиште, автоматско префрлање финансиска помош за новороденче, како и уверение за остварени приходи од страна на Управата за јавни приходи. Според него, следуваат и стотици други електронси услуги со коишто ќе продолжи масовната дигитализација.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе