МАЛМЕД со прекршочна пријава за Жан Митрев поради непријавени клинички испитувања

Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) му поднела прекршочна пријава на доктор Жан Митрев затоа што клиничките испитувања кои ги вршел врз пациенти болни од ковид не биле пријавени, пишува ИРЛ.

Законот предвидува парична казна од 50 илјади евра доколку не ги почитувал строгите правила за вршење на клинички испитувања. Испитувањето мора да биде одобрено и мониторирано од клиничка и етичка комисија во МАЛМЕД, а пациентите мора да бидат известени дека се дел од клиничко испитување и третманот е бесплатен.

Адвокатите на Жан Митрев на денешната конференција за медиуми рекоа дека клиниката немала потреба да ги пријави клиничките испитувања за користење на хемофилтрација кај пациенти болни од ковид, затоа што всушност не станувало збор за вистински клинички испитувања.

„Станува збор за обичен напис, обична статија, каква што обврска имаат да прават сите здравствени установи, особено во услови на пандемија и светска криза. Да информираат и доставуваат информации до сите медиуми со цел да се врши размена на сознанија и искуства“, вели еден од адвокатите на доктор Жан Митрев во изјава за ИРЛ. Тој додаде дека е неспорно дека трудовите се објавени во меѓународни публикации, но дека поради техничка грешка истите се означени како студии.

Клиничкото испитување за користење на хемофилтрација кај критични ковид-пациенти е објавено во јули 2020 година. На самата публикација е наведено дека станува збор за клиничка студија која има за цел да докаже дали хемофилтрацијата има позитивни ефекти доколку се користи кај пациенти заболени од ковид.

Лекувањето на ковид-19 пациентите беше цел на новинарско истражување на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ). По објавувањето на ова истражување Јавното обвинителство покрена истрага за овој случај. За Митрев наводите во документарецот „Нечиста крв“, кои покренаа реакција од институциите, се невистинити.

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе