МАЛМЕД: Се испитуваат два случаи со смртен исход по примена вакцина против ковид-19

Се прави комплетна обработка на две пријави за несакана реакција поврзана со употребата на вакцините против ковид-19 во април и септември годинава кога почонале две лица. Пријавите се од лекари, а за смртта на едно 85-годишно и 53-годишно лице се уште не е докажана поврзаноста со употребата на вакцините, вели раководителката на сектор во Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Мерјем Хаџихамза на денешната онлајн средба со новинарите на која учествуваше и в.д. директорот на МАЛМЕД, Љирим Шабани.

Таа појасни дека пријавите освен во Упсала мониторинг центарот, испратени се и во Институтот за јавно здравје, каде се прави натамошна обработка.

Шабани и Хаџихамза посочија дека станува збор за сомневања и неофицијални податоци, и нагласија дека ефектите од вакцинацијата се далеку, далеку поголеми.

„Кога еден лек во случајов вакцина ќе се употреби, ако се пријави некое несакано дејство тоа не значи дека е последична реакција од примената на вакцината. Пријавите кои доаѓаат кај нив се сомневања за несакана реакција. Постојат голем број параметри кои треба да се испитуваат, медициското досие на пациентот, од што боледувал претходно, какви лекарства примал... За еден од пациентите гледав дека имал многу коморбидитети и лично се сомневам дека има поврзаност со употребата на вакцината, но ова е нерелевантно затоа што тоа треба да го кажат луѓето кои за тоа имаат компетенции“, истакна Хаџихамза.

Шабани рече дека сите можни лекови кои досега беа спомнати дека може да помогнат во одредени фази при третман на ковид-19 беа во рекордно време одобрени и донесени во државата.

„Колку беа користени и колку дадоа ефекти тоа е за некоја пост ковид ситуација да се навратиме. За лекот „Монупиравир“ Министерството за здравство има некои активности, кажаа дека преговараат со производителот, ја следиме ситуацијата и во моментот кога ќе имаме конкретно барање од каде било веднаш ќе се вклучиме и сакаме тие лекови да ги има во државата. За тој лек моментално се чека одговор од Американската агенција за лекови, има и неколку други иницијативи од други производители, ние сме подготвени“, рече Шабани.

На новинарско прашање колку решенија издала Агенцијата за уништување вакцини и за кои производители досега се издадени решенија, рече дека досега се издадени одобренија за уништување на вакцини од производителите „Фајзер“, „Астра Зенека“ и „Синофарм“ на неколку наврати.

Во врска со пријавување несакани реакции од вакцините, Шабани рече дека за вакцините од лекари досега добиле 133 пријави, од фармацевти – 88, а од други здравствени работници – 10.

„Во неколку наврати имавме пријави и од граѓани. Сите тие се собираат, обработуваат во смисла на нивна категоризација. Како држава имаме склучено договор со Упсала мониторинг центар во Шведска, Центар за несакани ефекти на ниво на СЗО, каде се собираат од сите земји несаканите ефекти и се даваат препораки и следење на лекот. Значи кај нас се собираат, ги споделуваме со Упсала и ги даваме за натамошна обработка до Институтот за јавно здравјеза да се испитуваат“, истакна Шабани.

Досега, потенцира тој, пријавените несакани ефекти од сите вакцини се во рамки на предвидливите кои се наведени во нивното упатство, без оглед дали се работи за главоболка, гадење, вртоглавица, болка во екстремитети, рамо, на местото на апликација.

„Тоа се најчесто пријавени несакани ефекти. Исклучок од ова може да го спомнам случајот со миокардит од вакцината на „Фајзер“ која се утврди откако таа се пушти, која не беше предвидена од производителот, тоа се утврди од Европската агенција на лекови, тие направија соодветна варијација и ние дадовме варијација дека е можен несакан ефект очекуван во ретки случаи. Процентот на несаканите ефекти во однос на аплицираните вакцини е многу мал“, додаде Шабани.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе