Најмалку вакцинирани во Гостивар, најмногу во Неготино

Мал интерес за вакцинирање против ковид-19, вчера прва доза примиле само 700 лица

Во вакциналните пунктови во државата вчера биле аплицирани вкупно 2.379 дози вакцини, од кои 700 се аплицирани како прва доза, 1.585 се ревакцинирани, а 94 граѓани примиле трета доза вакцина.

Заклучно со 19 октомври вкупно се вакцинирани  800.103 граѓани, ревакцинирани се 764.953, а трета доза примиле 1.292 граѓани. Ревакцинирани се 54% од граѓаните над 40-годишна возраст, а барем една доза вакцина примиле 33% од граѓаните од 18 до 39 години.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Заклучно со 17 октомври, со една доза на вакцина против ковид-19 вакцинирани се 48,4% од населението над 18-годишна возраст, при што една доза вакцина примиле 33 отсто од лицата на возраст од 18 до 39 години, а 57 проценти од граѓаните над 40 години, покажуваат податоците од Министерството за здравство.

Според последните податоци, најмногу граѓани вакцинирани со прва доза има во Охрид (65,1%), Кавадарци(65,3%), Неготино(66,3%), Гевгелија(62,4%) и Ресен(60,6%). Од 50-60 проценти од населението прва доза примиле во Битола, Кичево, Велес, Берово, Пехчево, Прилеп, Крушево, Скопје, Валандово, Штип и Пробиштип. Помеѓу 40-50% опфат на вакицинирани граѓани има во градовите Кичево, Св.Николе, Кочани, Виница, Делчево, Крива Паланка, Струга, Македонски Брод и Тетово. Помеѓу 30-40%, односно најмалку вакцинирани во моментов има во Куманово, Кратово, Дебар, Струмица, Гостивар и Радовиш.

Од Министерството велат дека вакцинацијата тече без проблеми и дека граѓаните во постојните вакцинални пунктови во државата, може да се вакцинираат без да закажат термин. Притоа се додава дека вакцини има доволно и истите се достапни за сите што сакаат да се вакцинираат.

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе