„Вакцинацијата ќе се врши согласно важечките епидемиолошки мерки против ковид-19. Исто така, потсетуваме дека сите граѓани заинтересирани да ја примат вакцината ‘Модерна‘ можат да се обратат во главниот пункт за вакцинација на Здравствениот центар Врање, за да бидат евидентирани (име, презиме, контакт и дали е во прашање прва или трета доза)“, додаваат од Здравствениот центар Врање, пренесува МИА.
Сите тие ќе бидат дополнително известени за примање на вакцината, согласно важечките правила за вакцинација со вакцината „Модерна“.
Инаку, третата, бустер доза на вакцината против ковид-19 во Србија се дава на сите лица кај кои е завршена примарната вакцинација и тоа: најмалку пет месеци по втората доза, кај лица кои претходно примиле две дози mRNК (Pfizer-BioNTech) или векторска вакцина (Гам-Ковид-Вак, односно Спутник и Астра Зенека), најмалку четири месеци по втората доза, кај лица кои претходно примиле две дози инактивирана вакцина Синофарм (SARS-CoV2 (Vero Cell) Inactivated-Sinopharm), најмалку пет месеци од давањето на дополнителната, трета доза, кај лица со примарни и секундарни имуноинсукции (лица кои најмалку 28 дена од втората доза примиле mRNК вакцина, како дополнителна, трета доза).
Се остава можност лицето кое ќе се вакцинира да го избере типот на вакцината што ќе ја прими како бустер доза. Ако вакцината Гам-ковид-Вак (Спутник) се применува како бустер доза, тогаш се дава првата компонента од споменатата вакцина.