Со Синофарм, Астразенека и Фајзер

Македонските граѓани без закажување можат да се вакцинираат во Врање, Ниш и во Нови Сад

За време на викендот во Врање се вакцинирале 927 македонски граѓани, со што бројот на македонски граѓани вакцинирани досега во овој српски град со првата доза достигна 2.032, покажуваат податоците на Градскиот штаб за вонредни состојби во Врање.

Од денес граѓаните на Македонија можат да се вакцинираат на главниот пункт за вакцинација во Врање, во Спортската сала, без претходно закажување и претходно подготвени списоци, јавува МИА од Белград. Од Здравствениот дом во Ниш, пак, изјавиле дека и во овој град македонските државјани можат да се вакцинираат без закажување преку е-управа.

Покрај граѓаните на Србија, македонските граѓани и граѓаните на БиХ можат да се вакцинираат и во Нови Сад без покана од е-управа. Достапни се вакцините на Синофарм, Астразенека и Фајзер, додека „Спутник V“ се дава само на граѓаните кои добиле покана од е-управа.

Главниот техничар на Здравствениот дом „Нови Сад“, Ненад Вукас, за 021.рс изјавил дека странците од овие две земји можат да се вакцинираат на Новосадскиот саем, како и во трговските центри БИГ и Променада, додека вакциналниот автобус ќе ја менува својата локација секој ден.

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе

Енергетската сиромаштија е значително поприсутна во централна, источна и југоисточна Европа, покажува последното истражување.

повеќе