Трета балканска олимпијада

Maкедонски ученици освоија медали на меѓународен натпревар по физика

На третата Балканска олимпијада по физика, на која учествуваа деца од 14 земји (не само од Балканот), сите ученици кои ја претставуваа нашата држава добија медали. Сребрен медал добија учениците Јан Стојановски – втора година во ПСУ „Јахја Кемал" во Скопје и Мајкл Георгиевски – трета година во гимназијата „Добри Даскалов" во Кавадарци. Бронзени медали добија ученичките Емилија Николовска – втора година во „Математичко – информатичка гимназија" и Сандра Недановска – трета година во ПСУ „ Јахја Кемал", и двете од Скопје.

Водачи на тимот на Третата Балканска Олимпијада беа м-р Христијан Кочанковски – лидер и д-р Ламбе Барандовски – заменик лидер.
Третата Балканска Олимпијада по физика е организирана од Балканското унија на физичари и Бугарското друштво на физичари и се одржа од 24 септември до 2 октомври,.

Поради ковид пандемијата Oлимпијадата се одржа на далечина, а локални организатори беа Друштвото на физичари на Република Македонија (ДФРМ) и Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

На Oлимпијадата учествуваа 57 ученици од нашата држава, од Србија, Црна Гора, Грција, Кипар, Турција, Романија, Бугарија, Албанија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Словенија, Туркменистан, Казахстан и Иран.

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе