Според агенцијата МИНА

Македонија втора во регионот по стапка на активни пациенти, трета по смртност

Во регионот, најголем број активни пациенти на 100 илјади жители се регистрирани во Србија, на второ место е Македонија, а на трето место е Босна и Херцеговина.

Фото: Роберт Атанасовски

Во Србија се регистрирани 63 активни случаи на 100 илјади жители, во Македонија 41, а во БиХ 14 активни случаи на 100 илјади жители.

На четвртото место е Косово со 13 активни пациенти на 100 илјади жители, а потоа следуваат Албанија со девет, и Хрватска и Словенија со по еден активен пациент на 100 илјади жители.

Агенцијата МИНА ги известува корисниците дека стапката на активни случаи во Србија се пресметува врз основа на бројот на активни болни и бројот на жители на таа земја, кој според Републичкиот завод за статистика на Србија е 6,98 милиони, пренесува Вијести.

Во регионот најмногу заразени со коронавирусот во однос на бројот на жители се регистрирани во Србија, на второ место е Македонија, а на трето место е БиХ.

1.641 заразен на милион жители се регистрирани во Србија, 1.255 во Македонија и 739 заразени на милиони жители во БиХ.

На четвртото место е Словенија со 714 заразени на милион жители, а потоа следуваат Хрватска со 551, Црна Гора со 514 и Албанија со 416 заразени на милион жители.

Бројот на заразените лица се изразува на милион жители заради поквалитетна споредба.

Во однос на бројот на заразени најголема смртност има во Словенија, 7,38 проценти, па во БиХ 5,98%, по што следуваат Македонија 5,63% и Хрватска 4,58%.

Стапката на смртност во Албанија е 2,84%, во Црна Гора 2,78% и во Србија 2,13%. Најмногу тестирани во однос на еден милион жители има во Словенија, 38.915 на милион жители, на второ место е Србија со 37.538, а на третото место е Црна Гора со 21.338.

На четвртото место е БиХ со 19.413 на милион жители, па Хрватска со 16.707 и Македонија со 15.997 тестирани на милион жители.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе