Влошена епидемиолошка состојба

Македонија во пикот на заразата, зголемен бројот и на новозаразени со ковид-19 и на реинфекции

За една недела во јануари, односно во периодот од 10 до 16 јануари, бројот на нови случаи на ковид-19 е зголемен за 33,9 проценти, а просекот на позитивни случаи од тестираните достигна високи 24,4 отсто. Според епидемиолозите, земјава се наоѓа во пикот на заразата.

Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје покажува дека од минатиот до понеделникот оваа недела, половина од заразените (50,6 проценти или 5.630) се од Скопје, а најзастапена возрасна група кај инфицираните е од 30 до 39 години. Зголемување на бројот на заболени има кај сите возрасни групи, особено кај лицата над 60 години, со раст од 99,6 отсто и кај тие од 50 до 59 – со зголемување од 90,3 отсто во однос на претходната недела. Во текот на минатата недела пријавени биле 1.247 реинфекции, што споредено со неделата претходно е зголемување од 31,8 проценти. Од вкупно 96 позитивни примероци на САРС-КоВ-2, кај 57 или 59,4% е детектиран сојот омикрон, откриен во седум градови-Скопје, Кавадарци, Тетово, Охрид, Кочани, Велес и Гевгелија.

Неделниот извештај на ИЈЗ покажува и дека од 10 до 16 јануари имало 55 смртни случаи од ковид-19, во 15 градови, што е за 34,1 процент повеќе од минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (22) и се лица над 60 години. На болничко лекување се 439 лица што е една четвртина повеќе во споредба со претходна недела.

Со новите 2.269 ковид-случаи од последното деноноќие, од кои 1.169 се во Скопје и 310 се реинфекции, бројот на дијагностицирани со коронавирус во земјава од почетокот на епидемијата достигна 247.663. Активни случаи има 17.218 и од нив 9.167 се во главниот град. Четирицифрен број активни има Битола (1.516), речиси илјада (960) се во Прилеп, а над триста имаат Куманово (662), Охрид (548), Кавадарци (426),Струмица (345) и Велес (327).

Епидемиолошката состојба е влошена и во земјите од регионот, а особено е тешка во Словенија, Србија и Хрватска, каде вчера се евидентирани рекорден број новозаразени. Србија регистрираше 18.006 случаи од 39.740 тестирани примероци, соопшти Министерството за здравство, откако претходно премиерката Ана Брнабиќ го најави негативниот рекорд соопштувајќи дека „бројот ќе биде катастрофален“. Од речиси 40.000 тестирани, 45,3 отсто биле позитивни, што значи дека речиси секој втор тестиран бил заразен со корона. На почетокот на годината во Србија дневно имаше нешто повеќе од 2.000 заразени, но бројот на заразени почна нагло да расте, што експертите го поврзуваат со масовните собири за прослава на Нова година.

 

Позитивни на брзи антигени тестови во изминатото деноноќие во Хрватска биле 6.001 лице од тестирани 40.575. Кога ќе се додадат позитивните кои направиле ПЦР-тестови, се доаѓа до 13.549 новозаразени, што е рекорд од почетокот на пандемијата во таа земја.

Апсолутен дневен рекорд од 8.681 нов случај на коронавирус беше потврден вчера и во Словенија, каде што стапката на позитивност достигна речиси 63 отсто. Неделниот пораст на нови случаи е речиси 17 отсто.

Во Босна и Херцеговина вчера се регистрирани 3.342 новозаразени лица од вкупно 7.529 тестирани за коронавирус. Во изминатите 24 часа во земјата починале 39 лица. Во последните 24 часа во Црна Гора од коронавирус починале шест лица, а регистрирани се 1.814 нови случаи на зараза. Едно лице почина како последица на коронавирусот и 720 се позитивни во Косово, каде што во моментов има 5.678 активни случаи.

Наспроти информациите дека омикрон, новата варијанта на коронавирусот, може да ја запре пандемијата, американски официјални лица од здравството повикуваат на внимателност.

Ентони Фаучи, главен советник за здравство во Белата куќа, за време на виртуелен панел, изјави дека ковид-19 може да остане со нас засекогаш како ендемска болест. Големо прашање е, вели тој, дали намерно инфицирање со вирусот е слично на вакцинација на што сите се надеваат.

„Тоа ќе биде случај ако не се појави друга варијанта која го надминува имунолошкиот одговор на претходната. Но, и тогаш ковид-19 најверојатно ќе стане дел од светот како ендемска болест“, рече Фаучи.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе