Ковид-19

Македонија, преку ЕУ добива пристап до лекот „Ремдесивир“

Македонија, преку Европската Унија добива брз пристап до лекот „Ремдесивир“, откако  Европската Комисија потпиша рамковен договор со фармацевтската компанија „Gilead“ за набавка на 500.000 дози од „Veklury“, бренд името на лекот „Ремдесивир“, со можност за дополнително зголемување на количините, информира Министерството за здравство.

Заедничкиот договор за набавка е потпишан од 36 земји, вклучувајќи ги земјите од ЕУ, Норвешка и Исланд, Обединетото Кралство и шест земји сегашни и потенцијални ЕУ кандидати, во кои освен Република Северна Македонија, директна набавка на лекот можат да направат и Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.

Veklury (Ремдесивир) е лек за третман на пациенти со ковид-19 на кои им е потребна кислородна поддршка, а постапката за директна нарачка на лекот може да започне уште веднаш.

Според Министерството за здравство, ова е шеста успешно имлементирана заедничка постапка за набавка. Заедничката набавка е инструмент на Европската Комисија од почетокот на годината со кој на земјите им се обезбеди и дополнителен пристап до лична заштитна , респиратори, тестови и друга неопходна медицинска опрема.

Инаку, Македонија преку Клиничката студија на Светската Здравствена Организација веќе го има лекот „Ремдесивир“, а со ова ќе се обезбедат дополнителни количини од истиот.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе