Поради големoт број на заразени со ковид-19

Македонија повторно на „црната листа“ на ЕУ за патување

Растот на бројот на новозаразени со коронавирус последниве недели ја враќа Македонија на „црната листа" за патување во ЕУ. Веста за агенцијата Ројтерс ја потврдиле двајца дипломати на Унијата. Меѓу земјите за кои ќе се вратат ограничувањата се и САД, Косово, Израел, Црна Гора и Либан, објави Дојче веле на македонски јазик и наведува дека одлуката започнала се очекува да биде потврдена во понеделник доколку ниту една земја-членка на ЕУ не ја блокира.

Македонија на листата на безбедни земји беше ставена на 15 јули, кога имаше мал број на новозаболени на дневна основа и на таа листа се 23 држави.

„Критериумите според кои се одредува дали граѓаните на некоја земја ќе можат туристички да патуваат во ЕУ ја опфаќаат актуелната епидемиолошка состојба и генералното справување со ковид-19, како и квалитетот на информациите и изворите на податоци. Дополнително, како во случајот на САД, фактор е и реципроцитетот, имајќи предвид дека жителите на ЕУ се уште не можат да патуваат на другата страна на Атлантикот“, се вели во веста.

За македонските граѓани одлуката ќе значи дека повторно ќе се соочуваат со големи ограничувања при туристички, односно „не-есенцијални“ патувања во ЕУ. Некои земји можат целосно тоа да го забранат, а некои можат да наложат обврзувачки карантин при пристигнувањето.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе