УНИЦЕФ високо ја рангира земјава

Македонија на трето место во светот според падот на бројот на мртвороденчиња

Нашата земја е меѓу првите три држави во светот со најголем процентен пад на стапката на мртвородени деца (62) во периодот меѓу 2000 и 2019 година и покажува најдобри резултати во Европа, Северна Америка, Австралија и Нов Зеланд, соопшти Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје. Во Извештајот на УНИЦЕФ за состојбите во светот се наведени загрижувачки податоци. Годишно се бележат речиси два милиона мртвородени бебиња - или по едно бебе на секои 16 секунди.

Нашата земја е меѓу првите три држави во светот со најголем процентен пад на стапката на мртвородени деца (62) во периодот меѓу 2000 и 2019 година и покажува најдобри резултати во Европа, Северна Америка, Австралија и Нов Зеланд, соопшти Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје. Анализата на податоците вклучена во извештајот покажува дека стапката на мртвородени деца во Македонија опаднала од 10,8 мртвородени на вкупно 1.000 раѓања во 2000 година, понатаму на 6,2 во 2009 година и на 4,1 во 2019 година.

Во извештајот, мртвороденчето се дефинира како бебе родено без знаци на живот во 28-та или повисока недела од бременоста.

„Губењето на дете при раѓање или за време на бременоста е разорна трагедија за секое семејство, која честопати се преживува тивко, но се случува премногу често низ светот", изјави Хенриета Фор, извршен директор на УНИЦЕФ

„Во Северна Македонија, УНИЦЕФ заедно со Светската здравствена организација (СЗО) и Фондот за население на ОН (УНФПА) го поддржуваат Министерството за здравство да ги зајакне капацитетите на здравствените работници за ефективна перинатална грижа, да го осовремени националниот систем за собирање податоци, и да обезбеди соодветна пренатална грижа, прегледи и посети за сите бремени жени низ земјата - особено за жените што живеат во руралните средини. Во изминатите три години, земјата инвестираше во подобрување на системите за транспорт со цел да обезбеди пристап и брз трансфер до одделенијата за неонатална интензивна нега во случај на компликации и ја поддржа Националната работна група за перинатална смртност да спроведе систематски ревизии на случаите на перинатална смрт. Изработен е Генерален (мастер) план за перинатална грижа до 2030 г. кој вклучува планови за натамошно зајакнување на здравствениот систем и обезбедување најдобри услуги за бремените жени и новороденчињата", се вели во соопштението.

Инаку, во Извештајот на УНИЦЕФ за состојбите во светот се наведени загрижувачки податоци. Годишно се бележат речиси два милиона мртвородени бебиња - или по едно бебе на секои 16 секунди.

„На секои 16 секунди, некоја мајка некаде ќе претрпи неискажлива трагедија на мртвородено дете. Покрај загубата на живот, сериозни и долготрајни се психолошките и финансиските последици за жените, семејствата и општествата. За многу од овие мајки, едноставно не морало да биде така. Повеќето случаи на мртвородени деца можеле да се спречат со висококвалитетно следење, соодветна антенатална грижа и квалификуван придружник при породувањето",вели Хенриета Фор.

Во извештајот се предупредува дека пандемијата со КОВИД-19 може да го влоши глобалниот број на мртвороденчиња. Намалување од 50% на здравствените услуги поради пандемијата може да предизвика уште скоро 200.000 мртвородени деца во период од 12 месеци во 117 земји со низок и со среден приход. Ова одговара на зголемување на бројот на мртвородени деца за 11,1 процент. Според моделирањето направено за извештајот од истражувачите при Факултетот за јавно здравство „Џонс Хопкинс Блумберг", 13 земји може да забележат пораст од 20% или повеќе на бројот на мртвороденчиња во период од 12 месеци.

Повеќето случаи на мртвородени деца се должат на слаб квалитет на грижа за време на бременоста и породувањето. Недостигот на инвестиции во антенатални и интрапартални услуги и во оспособување на медицински сестри и акушерки се клучните предизвици, се вели во извештајот.
Над 40 проценти од мртвороденчињата се јавуваат при породувањето - загуба што може да се избегне доколку има обучен здравствен работник при породување и навремена итна акушерска нега. Околу половина од случаите на мртвородени деца во Супсахарска Африка и Централна и Јужна Азија настапуваат при породувањето, во споредба со 6 проценти во Европа, Северна Америка, Австралија и Нов Зеланд.

Овие податоци претставуваат заеднички проценки за мртвородени деца објавени од УНИЦЕФ, Светската здравствена организација (СЗО), Групацијата на Светска банка и Одделот за население при Одделот за економија и социјални работи на Обединетите нации.

Најголемиот број мртвороденчиња, 84 проценти, се јавува во земји со ниски и пониски средни приходи, Во 2019 година три четвртини од мртвородените деца беа во Супсахарска Африка или во Јужна Азија.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе