Франс-прес

Македонија на петто место во светот според бројот на починати од ковид-19

Според податоците од Светската здравствена организација и од државните здравствени власти на земјите од светот, Франс-прес објави дека Македонија е на петто место според бројот на починати од ковид-19. На прво место е Перу, следуваат Унгарија, Босна и Херцеговина и Чешка. 

Меѓу најтешко погодените земји во светот, како што објави Франс-прес, е Македонија. Перу е земјата со најмногу починати во однос на бројоит на жители, со 577 починати на 100.000 жители, следува Унгарија со 310, Босна и Херцеговина со 310, Чешка со 283 и Македонија со 263 починати од коронавирусот на сто илјади жители.

Во светот починале вкупно 3.862.364 луѓе, а заразени се 178.125.020 лица. Агенцијата наведува дека бројките не може да бидат прецизни и да ја одразат реалната состојба, бидејќи од земја до земја се разликува бројот на тестирани лица и начинот на објавување на болните и починатите.

САД се држава со вкупно најмногу заразени и починати лица - 33.5388.037 лица биле позитивни на вирусот, а починале 601.741 лица. Следува Бразил со  500.800 починати i 17.883.750 случаи на заразани лица. потоа Индија со  386.713 починати и 29.881.965 заразени, Мексико со 231.151 починати и 2.475.705 заразени и Перу со 190.202 починати и 2.026.729 инфицирани од коронавирусот.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе