Глобалниот индекс на здравствена сигурност

Македонија на 90-то место во светот според подготвеноста да се справи со евентуални епидемии

Македонија е рангирана на 90-то место од 195 држави во светот според Глобалниот индекс на здравствена сигурност за 2019 година, кој ја мери подготвеноста на земјите и нивните здравствени системи да се справат со евентуални епидемии или пандемии.

Од земјите во регионот Хрватска е на 38. место, Албанија – 39, Србија-41, Бугарија – 61, Црна Гора – 68 и БиХ на 79. место.

Најподготвени здравствени системи за справување со епидемии и пандемии имаат САД, Канада, Австралија, Тајланд, Франција, Велика Британија, Шведска, Финска, Данска, Швајцарија, Холандија и Словенија, пренесува БГНЕС.

Најлоши здравствени системи имаат Јемен, Северна Кореја, Сирија, Сомалија и Екваторијална Гвинеја.

Глобалниот индекс на здравствена сигурност се изготвува врз основа на шест критериуми: превенција, рана детекција и известување, брз одговор, здравствен систем, усогласеност со меѓународните норми и ризичното опкружување. 

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе