„Растат бројките во посиромашните нации на Балканот“

Македонија меѓу земјите со најголема смртност од ковид-19, според СЗО

Македонија, Бугарија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Чешка се меѓу земјите со најголема смртност, алармираше неделава СЗО, предупредувајќи дека до декември уште 236.000 луѓе би можеле да умрат од ковид во Европа.

Фото: Роберт Атанасовски

Шефот на СЗО за Европа во понеделникот рече дека бројот на заразените и починатите повторно е во пораст во Европа, особено во посиромашните нации на Балканот, Кавказ и Централна Азија.

„Минатата недела имаше 11% зголемување на бројот на починатите во регионот - една сигурна проекција очекува 236.000 починати во Европа до 1 декември“, рече директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге.

Четири европски земји се во првите шест земји во светот според бројот на починати од ковид-19 на милион жители заклучно со 30 август: Унгарија, Босна и Херцеговина, Чешка, Македонија.

Европската Унија во понеделникот препорача земјите-членки повторно да воведат ограничувања за патување за некои туристи поради зголемените инфекции со ковид во земјата.

„Израел, Косово, Либан, Црна Гора, Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави се отстранети од списокот“ на безбедни земји, се вели во соопштението на Европскиот совет, кој ги претставува 27-те влади на блокот.

Стапките на новозаразени повторно се зголемуваат на глобално ниво, додека преовладува високозаразниот делта-сој - особено кај невакцинираните – демнејќи над популациите каде што антивирусните мерки се олабавени, вели Еурактив.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе