Имунизација

Македонија меѓу последните европски земји ќе добие вакцина против ковид-19

Себичноста и политикантството на Европската Унија и неспособноста на македонските власти ги оставија македонските граѓани меѓу последните во Европа што ќе можат да се вакцинираат против ковид-19. Додека се водат дискусии за тоа дали руските или кинеските вакцини би биле пригодни за земји-членки на ЕУ и НАТО, Македонија чека на нарачката од Фајзер, на ветените вакцини преку Ковакс системот... А за денеска е најавен и договор со Кина.

Фото: ЕПА

Македонија, Косово, Црна Гора и БиХ останаа единствените земји во Европа каде што вакцинацијата против ковид-19 сѐ уште не е почната.

Балканските земји и овојпат останаа последни во редот при одлучувањето на Брисел како, кога и со која вакцина ќе се вакцинираат ЕУ и нејзините сојузници. Додека Брисел одлучуваше, Унгарија, членка и на ЕУ и НАТО, повикувајќи се токму на неспособноста на бриселската администрација, меѓу првите европски земји набави вакцини од Кина и Русија и почна со вакцинацијата на своите граѓани. Истото го направи и Србија чии граѓани денес одбираат со која вакцина сакаат да се вакцинираат – Фајзер, Спутник V или Синофарм. А деновиве и Германија најави дека преговара за набавка, а и за производство на руската вакцина.

Додека се случуваше сето ова, дел од балканските земји останаа последни во редот за имунизација на населението од заразниот ковид-19.

Македонија, додека водеше политика и даваше официјални изјави од типот „сакаме да одиме на западни вакцини за да покажеме каде припаѓаме како држава и првично ја исклучивме можноста за преговори со Русите и Кинезите“, остана меѓу последните во редот, заедно со Украина, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово... Блумберг објави споредбена анализа за вакцинирањето против коронавирусот во светот и според листата, Србија има - 437.000 вакцини, Романија - 672.000, Грција - 269.000, Словенија - 75.000, Хрватска - 80.000, Бугарија - 41.000 и Албанија - 662 вакцини.

Ги паметиме изјавите од руската амбасада во Македонија дека на министерот за здравство Венко Филипче уште лани во август му била понудена руската вакцина, но македонското Министерство за здравство не одговорило ништо на таа понуда. За конечно сега, чекајќи на ветените подароци од пријателските земји-членки на ЕУ, Грција, Бугарија, Полска..., македонските здравствени власти сепак да решат да купат кинески вакцини. Нарачани се и вакцините на Фајзер, но очигледно таму редицата е предолга.

Деновиве надлежните во Македонија прават списоци за вакцинација (први се здравствените работници, хронично болните, постарите лица...) и се надеваат дека февруари ќе биде месецот кога македонските граѓани ќе можат да го почнат процесот на имунизација. Додека се чека на тоа, дел од нив без никаква поголема процедура одат на вакцинација во српските градови Врање, Лесковац, Ниш... А тоа го прават и граѓаните на Хрватска и на Црна Гора.

Најавите се дека во Македонија во февруари треба да пристигнат 5.800 вакцини на компанијата Фајзер, а до крајот на годината 800.000. Деновиве се очекуваат и 200.000 вакцини од Кина, а преку Ковакс системот биле обезбедени 833.000 дози.

Последната препорака на здравствените власти е да се вакцинираат и луѓето што биле заболени без разлика дали имаат или немаат антитела.

„И покрај вакцината, мора да се почитуваат мерките за заштита. Направен е список од 14.000 граѓани што ќе бидат повикувани преку матичните лекари, преку системот Мој термин“, информираше Венко Филипче, министерот за здравство.

ЕУ и Астра Зенека постигнале договор фармацевтската компанија да ја зголеми доставата на вакцини со дополнителни 9 милиони дози, кои би ги испорачала до март, што е само половина од договореното количество за првиот квартал од годината.

Последната вест од Македонија е дека договорот за набавка на 200 илјади вакцини за ковид-19 од Кина треба да се потпише денеска и се очекува по потпишувањето за најкраток временски рок тие да стигнат во Македонија, иако засега нема подетални информации кога би пристигнале.

А.Д.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе