Министерство за здравство

Македонија ќе го набавува лекот против ковид-19 „молнупиравир“

Министерството за здравство ќе го набави лекот „молнупиравир“, единствен лек против ковид-19 и веќе стапи во контакт со производителот на лекот, компанијата МСД, па за кратко време ќе започнат преговорите за негова набавка.

Како што соопштија од Министерството, лекот „молонуопиравир“ е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на ковид-19. Лекот се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50%.

Сепак, од Министерството за здравство укажуваат дека лекот и вакцината против ковид-19 не може да се споредуваат. Вакцините против корона вирусот спречуваат тешка форма на болеста, компликации при хоспитализација или смртен исход. Оттаму потсетуваат дека вирусот ковид-19 брзо мутира и најголема ефикасност даваат вакцините, а целта е постигање на колективен имунитет, со цел заштита од новите соеви на СарсКовВ2.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе