Статистика

Македонија и натаму е на вpвот според cмртoнoста од ковид-19

Последните податоци за смртноста на еден милион жители од ковид-19 и натаму ја држи Македонија високо на светската црна листа – Перу, Унгарија, Босна и Херцеговина, па Македонија. Според податоците од Институтот за јавно здравје од 1 септември просекот на бројот на смртни случаи е безмалку 30 дневно.

Во Европа, пак, според бројот на смртни случаи од ковид-19 на 100 илјади жители во последните 13 дена сме на прво место (18,4). На второ место е Црна Гора со 13,4 проценти, па Бугарија со 13,1, а на четврто место од регионот се наоѓа Босна и Херцеговина со 10,5 проценти.

Од регионот на шесто место се издвојува Грција, а Србија е на осмото место со стапка на смртност од 4,1 процент.

Во земјава бројот на починати од ковид-19 се намалува минимално и покрај тоа што бројот на новозаразени веќе две недели бележи пад. Од 8-ми септември до денес, починале вкупно 267 заболени од корона.

Во Македонија до денеска регистрирани се вкупно 6.277 смртни случаи.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе