Влада

Македонија и Албанија ќе го реновираат основното и средното училиште во Пустец

Македонската влада одлучи да да ја помогне реконструкцијата на заедничкото, основно и средно училиште во Пустец. Ова беше дел од заклучоците на заедничката седница на владите на двете земји во Поградец минатата година.

Оваа одлука дојде како резултат на претходната активност на премиерот Зоран Заев и министерот задолжен за дијаспората Едмонд Адеми, по иницијативата на Владата на Република Албанија за реконструкција на 33 основни и средни училишта во Албанија, да биде вклучено и заедничкото основно и средно училиште во Пустец, во кое наставата се изведува на македонски и на албански јазик.

Реновирањето на училиштето во Пустец, веќе подолг период беше барање на македонската заедница која живее во Пустец, а нејзиното реализирање уште еднаш ги потврдува одличните односи помеѓу двете држави, и потврдува дека  Албанците во Северна Македонија и Македонците во Албанија се мост за градење блиски односи, соопшти владиниот Сектор за односи со јавноста.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе