Македонецот со индиски сој во Ирак се разболел во мај, наскоро ќе биде пуштен дома

Македонскиот граѓанин кај кој што е детектиран индискиот сој, а кој бил во Ирак, заболел од ковид-19 уште во мај, дознаваме неофицијално. 

Според нашите извори, коронавирусот му бил констатиран  уште во мај во Ирак и таму веднаш бил хоспитализиран и лежел во болница до пред неколку дена. Во Македонија е донесен со специјален лет, а потоа со специјално возило веднаш е префрлен во приватна болница. Нашите извори велат дека цело време немал комуникација со други лица. 

Индискиот сој на коронавирусот му бил детектиран минатата недела во лабораторијата во МАНУ, откако лекарите се посомневале на одредени здравствени проблеми. 

Во моментов тој, како што велат нашите извори, е во добра здравствена состојба, сѐ уште лежи во болница, но заздравува, добро се чувствува, контактибилен е и наскоро ќе биде пуштен на домашно лекување. 

Инаку, се работи за македонски државјанин, инженер-цивил кој работел во воени единици во база во Ирак. 

Во време кога епидемијата сѐ повеќе стивнува министерот 

за здравство Венко Филипче вели дека според искуствата од регионот индискиот сој не би требало да ја влоши епидемиолошката состојба во земјава, но здравствените власти будно ќе ја следат состојбата.

Индиската варијанта на вирусот е за речиси 40 проценти позаразна од британската. Масовната вакцинација може да спречи повторна експанзија на вирусот, но експертите предупредуваат дека тоа не значи граѓаните да се опуштат.

Лицата кои се вакцинирани со две дози имаат делумен имунитет и од овој сој и според некои студии дури 80 проценти од нив ќе бидат заштитени од потешки форми.

 

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе