Владата одлучи од 23 септември да се почне со работа

Мајките утре на протест пред Влада, „Меѓаши“ апелира да се преиспита одлуката за нивно враќање на работа

Мајките на децата до 6 години, како и оние кои се на пордилно отсуство бараат Владата да ја преиспита одлуката тие да се вратат на работа. Преку социјалните мрежи голем број мајки се организираа и за утре најавуваат протест пред Владата. Тие велат дека не можат преку ноќ да се организираат да најдат кој да им ги чува децата, а во градинка не можат да одат сите деца бидејќи се раоботи со ограничени капацитети. 

Дел од нив се револтирани и велат дека ќе мора да избираат помеѓу детето и работното место, и секако велат, ќе одберат да го чуваат детето и да останат дома и ќе мора да дадат откази. Сетоа ова, додаваат се тешкотии кои подоцна се уште поголеми со оглед дека нема да имаат извор на егзистенција и се ставени пред свршен чин. 

Протестот е најавен за во четврток во 17:30 пред Влада, со носење на заштитни маски, задолжително држење дистанца и без групирање.

Во нивна поддршка застана и првата детска амбасада Меѓаши од каде испратија апел до Владата да ја преиспита одлуката за враќање на работа и од породилно на родителите на деца до 10 години.

„Првата детска амбасада во светот Меѓаши апелира до Владата по повод одлуките поврзани со враќањето на работа на родителите на деца до 10 годишна возраст, донесени на 4-та седница на 14 септември 2020 година и враќањето на работа односно на редовно извршување на работните задачи за вработените лица, кои се ослободени од работа врз основа на користење на продолжено породилно отсуство, почнувајќи од 23.9.2020 година (среда), имајќи предвид дека можноста за користење на оваа мерка за продолжено породилно отсуство престанува да важи.Во услови кога сè уште не се јасни начините како ќе се продолжи образовниот процес, бројките на заразени случаи сè уште немаат тренд на опаѓање, изменети услови на учење без разлика на изборот – со физичко присуство или онлајн, сметаме дека одлуката е неконзистентна со претходните одлуки и премногу е краток рокот за да им се овозможи на родителите соодветно да се организираат“, велат од Меѓаши. 

Од таму додаваат дека се загрижени за добробитта на децата реагираме од следните причини:

- На децата на училишна возраст, особено на првачињата им е неопходно присуство на еден родител и во случај на онлајн настава, и во случај на посета на наставата со физичко присуство. Со оглед на најавеното скратено времетраење на часовите децата ќе поминуваат значително помалку време на училиште и поради работниот ангажман на своите родители може да се најдат во ситуација сами да поминуваат повеќе саати во своите домови, се до враќањето на нивните родители.

- Имајќи ги предвид малиот капацитет на предучилишните установи, како и протоколите со кои дополнително се ограничува бројот на деца по група, неизвесно е дали сите деца чии родители се работно ангажирани ќе можат да бидат навремено примени во градинка.

- Прашањето на континуирана и квалитетна грижа за децата, безбедноста, менталното здравје и нивната благосостојба е оставено неодговорено, нема понудено решение од страна на Владата за надминување на оваа состојба.

- Стресот предизвикан кај родителите со оваа нагла одлука со рок на спроведување од една седмица ќе има последици врз севкупниот семеен живот што пак ќе се одрази повторно на децата.

„Веруваме дека Владата и сите надлежни институции при носењето на одлуките водат грижа за најдобриот интерес на децата и во таа насока апелираме да се преиспита оваа одлука“, дополнуваат од Меѓаши. 

Владата во понеделникот донесе одлука вработените лица кои се ослободени од работа врз основа на утврдената листа на хронични болести, од среда, 23 септември 2020 година, треба да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи, а на работа се враќаат и и лицата кои користеле продолжено породилно отсуство, како и родителите на деца до 6 години. 

К.Д.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе