Мајката на четиримесечното бебе нема коронавирус

Мајката на четиримесечното бебе од Кочани кое е позитивно на коронавирусот е тестирана на 8 април и нејзиниот резултат е негативен на вирусот. Таа е е хоспитализирана заедно со своето бебе на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, соопшти вечерва Министерството за здравство.

Според информациите добиени од Институтот за јавно здравје, четиримесечното бебе од Кочани беше тестирано на КОВИД-19 на 6 април, а резулатите биле готови на 7 април.

За овој случај, министерот за здравство Венко Филипче соопшти на денешната прес-конференција на која, според податоците добиени од Инфективната клиника информираше дека бебето е во стабилна состојба, без потреба од респираторна поддршка и е под постојан педијатриски надзор.

Од Министерството за здравство велат дека се чекаат резултатите и за таткото, кој е тестиран на 8 април

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе