четврток, 25 април 2024

Пет тинејџери обвинети за тероризам по напад со нож во црква во Сиднеј

Пет тинејџери се обвинети за кривични дела тероризам за време на истрагата за нападот со нож на две лица во црква во Сиднеј претходно во април, соопшти австралиската федерална полиција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Пет малолетници се обвинети додека Заедничкиот антитерористички тим Сиднеј продолжува да ги испитува соработниците на наводниот сторител кој изврши напад со нож во црква во Вејкли“, се вели во соопштението на федералната полиција.

Повеќе од 400 државни и федерални полицајци извршија 13 налози за претрес низ Сиднеј во средата навечер.

Двајца тинејџери, 17-годишник и 14-годишник, се обвинети за поседување или контрола на насилен екстремистички материјал добиен или до кој дошле користејќи транспортни услуги.

Двајца 16-годишници се обвинети за здружување со цел подготвување или планирање терористички чин, додека друг 17-годишник е обвинет за здружување за подготвување или планирање терористички чин и поседување нож на јавно место.

Во полициската акција запленети се повеќе предмети меѓу кои и електронски материјал.

Минатата недела, 16-годишно момче беше обвинето за кривично дело тероризам во врска со напад со нож во црквата Христос добриот пастир во Вејкли, на западниот дел на Сиднеј, на 15 април.

Во таа прилика 53-годишниот свештеник се здоби со тешки повреди на главата, додека 39-годишно лице во обид да интервенира се здобил со исеченици и рана на рамото. Напаѓачот тинејџер бил совладан од граѓаните.

Прогласувањето на кривичното дело за терористички акт ѝ дава на полицијата дополнителни истражни овластувања да утврди дали некое лице дејствувало самостојно или било дел од поширока мрежа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ