На заедничка прес-конференција на министрите за здравство во Белград

Лончар: Втората доза на Астразенека македонските граѓани ќе ја добијат во Србија

Министерот за здравство на Србија Златибор Лончар денеска во Белград на заедничка прес-конференција со својот гостин министерот Венко Филипче, изјави дека граѓаните на Македонија кои се вакцинираа во неговата земја, дека втората доза од вакцината ќе ја примат на истите вакцинални пунктови по изминатите 12 недели од првата имунизација. Лончар рече дека и натаму има македонски државјани кои се вакцинираат во Србија.

Српскиот министер за здравство Лончар на новинарско прашање одговори дека додека трае заедничката прес-конференција со неговиот гостин Филипче и натаму граѓани на Македонија се вакцинираат во Србија.

Но тој апелираше до граѓаните да не тргнуваат кон Србија доколку не се пријавени преку „Е-управа“ и не добиле повратен мејл за датум и термин за вакцинација. Освен доколу не се направи нова акција на вакцинирање без закажување како што беше тоа случај минатиот месец.

„Овој процес на взаемна солидарност ќе продолжи имајќи предвид дека во време на пандемија ниедна земја не може проблемите од ваков тип да ги реши сама. Наш принцип е граѓаните што ја добија првата доза на Астразенека да ја добијат овде во Србија, на пунктовите на кои ја примија првата доза. Но, секако, доколку се договориме поинаку, можно е и да се отстапат вакцини, сѐ е работа на договор“, изјави Лончар.

Тој не даде коментар за одлуката на македонските здраствени власти да не се дава вакцината на Астразенека на помлади од 60 години, со оглед на фактот дека во Србија беа вакцинирани граѓани од сите возрасни групи.

Лончар на прашањето колку македонски граѓани се вакцинирале досега во Србија најави дополнително на медиумите да им бидат дадени податоците.

Филипче изрази голема благодарност до братскиот српски народ, до министерот Лончар, премиерката Брнабиќ и претседателот на Србија Вучиќ за големиот гест да се отворат вратите на нивната земја за македонските граѓани за да можат да се вакцинираат. Тој најави дека во летните месеци српските државјани кои традиционално летуваат во Македонија и во Грција, ќе бидат ослободени од патарини во знак на благодарност

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе