Лекарска комора: Загрижени сме од слободата на пациентите со насилство да изразуваат нервоза

Загрижени сме од слободата која пациентите ја чувствуваат со насилство кон докторите, сестрите и болничарите да ги изразуваат своето незадоволство, нетрпение и нервоза, реагираат од Лекарската комора по последниот напад врз лекар во тетовската болница.

Лекарската комора бара од институциите да ги заштитат здравствените работници.

„Не само полициска заштита. Ги замолуваме нашите пациенти конечно навистина да го погледаат законот за нивните права и да видат дека имаат и обврска да го почитуваат оној што му пружа помош. Докторите се со закон прогласени за службени лица, но кога ќе бидат натепани или застрелани не помага многу. Соработниците на докторите не се службени лица. Луѓето кои се грижат за здравјето на другите заслужуваат почит“, велат од Лекарската комора.

Од таму бараат од институциите и од пациентите да им овозможат на сите здравствени работници да ја извршуваат својата работа без страв за сопствениот живот.

Претходно нападот врз лекарот го осудија и Министерството за здравство и Синдикатот на Клинички центар. 

„Овој дрзок и брутален напад извршен во присуство на органите на јавен ред и мир укажува дека и покрај сите декларативни изјави, Повелби и Декларации потпишани и искажани во изминатиот период со цел ваквите инциденти да се спречат или станат изолирани појави, истите и понатаму продолжуваат и се со зголемен интензитет и честота“, велат од Синдикатот.

Очигледно е дека, додваат од таму, докторите, медицинските сестри и останатите вработени во здравството при извршување на своите работни задачи се недоволно заштитени, и секојдневно изложени на животозагрозувачки инциденти, стварност која не ја посакуваат и не е по нивна воља.

Според Синдикатот на Клинички центар она што недостасува е превентивата, која е минимална, а во голем број ЈЗУ и во целост недостасува.

Синдикатот укажува на потребата од изготвување законска регулатива која ќе го обврзе работодавачот да обезбеди систем на професионална и ефикасна заштита од физичко и вербално насилство на вработените во здравството.

„Таков систем подразбира унапредување на здравствената и општа култура на населението, почитување на етичкиот и морален кодекс од страна на здравствениот и друг персонал, 24 часовно професионално обезбедување на сите ЈЗУ во Република Македонија со контролиран и ограничен пропуст на цивили и членови на фамилија, слично како во приватните болници, 24 часовен централен видео надзор на влезовите, излезите и поедини простории во објектите на ЈЗУ со почитување на законските и други прописи и норми за заштита на личните и други права на пациентите и вработените и останати методи и мерки кои ќе превенираат насилство“, велат од Синдикатот.

Од Министерството за здравство соопштија дека нема да дозволат физичко насилство врз медицинските лица кои секојдневно спасуваат животи во болниците.

„Здравствените работници се грижат за здравјето на сите граѓани во нашата држава. Тие се оние кои прават сѐ за да спасат човечки животи. Напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење на здравствена дејност е недозволиво и казниво според закон“, велат од Министерството.

Од таму потсетуваат на одредбите од Законот за здравствена заштита споре кои тој којшто ќе нападне или сериозно се заканува дека ќе нападне здравствен работник и здравствен соработник при вршење на здравствена дејност како службена дејност и давање на здравствени услуги, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.

Ако при извршувањето на делото, сторителот со употреба на оружје или друго опасно орудие го малтретира или го навредува здравствениот работник и/или здравствениот соработник или телесно го повреди, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.

Ако на здравствениот работник и/или здравствениот соработник му е нанесена тешка телесна повреда, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години. Ако сторителот бил предизвикан со незаконито или грубо постапување на здравствениот работник и/или здравствениот соработник, може да се ослободи од казна.

Ако сторителот бил предизвикан со незаконито или грубо постапување на здравствениот работник и/или здравствениот соработник, може да се ослободи од казна.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе