Лекарска комора: За 5 години 794 доктори побарале потврди за странство

Во 2019 година од вкупниот број на доктори на медицина кои го положиле стручниот испит 60% од нив се изјаснале дека своето вработување ќе го бараат во Македонија, велат од Лекарската комора.

Според податоците со кои располага Лекарската комора на Македонија во изминатите 5 години бројот на поднесени барања од доктори на медицина за издавање на потврди за  странство изнесува 794 и тоа по години - во 2015 година - 171, во 2016 година -162, во 2017 година -120, во 2018 година 178 и до декември 2019 година -163 . 

Лекарската комора не располага со прецизен податок за бројот на доктори кои заминале да живеат и работат во странство. Согласно своите надлежности, Комората им издава потврда (good standing) на докторите дека се членови на Комората и дека против нив не се води постапка пред Судот на честа при Лекарската комора. Овие потврди им се неопходни на докторите за едукација во странство, стручен или студиски престој во странство, обука и доусовршување, меѓународни проекти како и на оние кои заминуваат да живеат и работат надвор од Македонија.

Во изминатите 5 години во Комората стручен испит положиле 1.820 доктори на медицина од кои во 2015 година - 315 доктори на медицина, во 2016 година -395 доктори на медицина, во 2017 година 299 доктори на медицина, во 2018 година - 413 доктори на медицина и во 2019 година - 398 доктори на медицина. 

Во 2019 година од вкупниот број на доктори на медицина кои го положиле стручниот испит 60% од нив се изјаснале дека своето вработување ќе го бараат во Македонија. Само во последната испитна сесија од 171 доктор на медицина, 100 доктори се изјаснале дека своето вработување ќе го бараат во Македонија.  

Според евиденцијата во Комората и податоците кои се дадени од докторите на медицина кои по полагањето на стручниот испит се стекнале со лиценца за работа во 2018 година 136 доктори се вработиле во здравствени установи низ републиката, а во 2019 година до месец ноември нивниот број изнесува 98 доктори.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе