Лекарка на Неврологија нападната од роднини на пациентка

На Клиниката за неврологија вчера вербално и физички била нападната лекарка од страна на роднини на пациентка која во тој момент била донесена на прием, објави Нова ТВ.

По прегледот во Ургентен центар, пациентката со мозочен удар била пратена на Неврологија. Директорот Иван Барбов, кој ја потврдил информацијата, изјавил дека роднините започнале да се однесуваат агресивно, да снимаат со мобилни телефони, да викаат по лекарката веднаш да биде прегледана, што лекарката која тогаш дошла на дежурство, тоа и го сторила. При таа расправија една од роднините и удрила шамар на дежурната докторка, по што интервенирала полиција.

Лекарката била испратена во Ургентен центар, а сега е на боледување. Пациентката била прегледана, снимана и ѝ била дадена соодветна терапија со препорака дека треба да биде задржана во болница. Но, семејството не се согласило, со потпис си ја зеле и не дозволиле да остане на клиниката.

 

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе