Од февруари повисоки плати

Лекарите специјалисти добиваат зголемување од 25 проценти, медицинските сестри 10 проценти

Од февруари 2020 години платите на лекарите-специјалисти се зголемуваат за 25 проценти, а на медицинските сестри за 10 проценти, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче по средбата со претседателите на гранковите синдикати, Љубиша Каранфиловски и на синдикатот на Клиничкиот Центар, Горан Беговиќ.

Тој рече дека заедно со сите други зголемувања од 2018 година досега основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40 проценти, а на медицинските сестри меѓу 35 и 38 проценти.

„Според договореното, платата на лекар специјалист наставник или обичен специјалист, во Клиничкиот центар на хируршките клиники и на Интерните клиники, ќе достигне, но на некои и ќе надмине 100.000 денари. Просекот на платата на лекар специјалист во општите болници ќе биде некаде меѓу 85 и 88.000 денари, заедно со дежурствата и согласно бројот на дежурствата, може многу лесно да достигне и до 100.000 денари. Дозволете да кажам и дека нема да ги оставиме ниту заборавиме сите тие кои досега не добија зголемување. Тука мислам на болничко-техничкиот персонал кој што исто така е во тимот, како и администрацијата која работи во здравството и ќе биде предмет на дискусија, во текот на следната година. Остануваме доследни на сите наши ветувања, веруваме дека со оваа мерка го враќаме достоинството на здравствените работници. И натаму ќе продолжиме да работиме, не само во однос на зголемување на платите, туку и за подобрување на условите во коишто работи здравствениот персонал, затоа што само задоволни од системот и добро стимулирани финансиски здравствени работници, значи задоволни и добро третирани пациенти”, изјави Филипче.

Претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски потсети дека ова е четврто покачување на платите изминатиов период, имајќи предвид дека веќе беа зголемени и додатоците за дежурство и за ноќен труд.

Горан Беговиќ, претседателот на Синдикатот на Клинички центар рече дека продолжува заедничката соработка со Министерството за здравство за вреднување на трудот на здравствените работници. 

На новинарско прашање околу случувањата во ОХИС и штетноста на излеаната материја, министерот за здравство кажа дека доколку се помине во близина каде што е ослободена материјата може да предизвика надразба на очите и надразба на кожата. Еден пациент бил прегледан во клиниката, му била дадена соодветна терапија и бил пуштен на домашно лекување.

 

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе