Петиција за поддршка на онлајн-настава од септември

Лекарите се подготвуваат за полошо есенско ковид-сценарио, МОН ќе отвора училишта

Ако во март на нула починати од ковид-19 се затворија училиштата и градинките, како денес со 3.402 активни случаи и 517 починати надлежните изјавуваат дека учениците треба да се вратат во училишните клупи?

„Регистриран е првиот случај со коронавирус во земјава, но нема простор за паника“, беше изјавата на министерот за здравство Венко Филипче на 26 февруари годинава. Две недели по оваа изјава, односно на 10 март, беше донесена одлука да се прекине воспитнообразовниот процес и наставата во сите детски градинки, основни и средни училишта, на територијата на целата земја. Тогаш во земјава имаше околу 30 заболени до ковид-19 и ниту еден починат.

Изјавите на сите надлежни беа дека вирусот е опасен и заразен и дека учениците треба да продолжат со онлајн-настава, а не да се вратат на училиште.

Изјавите на министерот за образование Арбер Адеми беа дека ако и од септември бројките на заболени се високи, можно е да се примени истата наставна мерка, односно учење од дома.

И министерот за здравство постојано апелира дека здравствениот систем се подготвува за полошо сценарио на есен, односно од септември.

Ако во март на нула починати од ковид-19 се затворија училиштата и градинките, како денес со 11.399 заболени, 3.402 активни случаи и 517 починати надлежните изјавуваат дека учениците треба да се вратат во училишните клупи и што значи за нив „високи бројки“?

Родителите збунети бараат логика во постапките на надлежните и жестоко реагираат на ваквите предлози, за кои деновиве треба да се донесе одлука дали ќе се усвојат.

Во групата на Фејсбук „Поддршка за онлајн настава во учебната 2020-2021 година“ за само една недела има околу 4.400 членови, родители, наставници...

Сите го делат истиот став, односно дека децата треба да продолжат со настава од дома.

Причините за тоа се дека бројот на заболените во земјава и натаму е висок, дека нема кој постојано да ги контролира децата дали ги почитуваат мерките, дека тие нонстоп ќе бидат со маски, кои треба да бидат правилно наместени, дека нема гаранција дека нема да се допрат по носот, устата, лицето додека се во училишните клупи, дека нема никаква гаранција дека нема да се заразат, а многумина од нив дома живеат со повозрасни членови на семејството, кои се во ризична група од заразата...

Во групата на Фејсбук споделена е и петиција што може да се потпише, а се однесува на барање за онлајн-настава.

„Одржавме неколку состаноци и со претставници од Министерството за образование и од Министерството за труд и социјална политика, со членовите на Комисијата за заразни болести. Различни се предизвиците во училиште, а други се во градинка. Следната недела ќе се донесе одлука. Мора да имаме протоколи што ќе бидат водич за спроведување на наставата. Помали групи во училиштата, како резултат на тоа повеќе смени и покус час. Што пократко време во затворен простор. Доколку може, и наставниците да бидат ограничени во контактите со групите деца што ги учат. Ако е помала групата на деца, а тој наставник заболи, сите од групата се во ризик. Мали групи, честа дезинфекција, сите со маски“, вели Филипче.

Во следните недела до две ќе се знае дали од септември ќе почнат со работа градинките и училиштата. Веројатноста, како што рече Филипче, е голема, но да се усогласат сите протоколи.

Ставот на работната група на МОН и Комисијата за заразни болести е наставата во новата учебна 2020/2021 година да се следи со физичко присуство на учениците секаде каде што постојат услови и во зависност од епидемиолошката состојба во одредена средина.

Годинава пред да се појави првиот случај со ковид-19 во државава училиштата беа празни бидејќи децата едни од други се заразуваа, добиваа симптоми на висока температура, болка во грло, треска, дијареа...

Некои од децата овој грип го прележаа дури и два пати, односно се излекуваа, па по враќањето во училишните клупи повторно се разболеа. Коментарите на родителите и наставниците беа дека не се паметат толку празни училишта.

Како причина за болеста кај децата тогаш се наведуваше сезонскиот грип.

Родителите прашуваат што сега, кога од есен повторно има опасност од заболување со сезонски грип, а згора на тоа живееме во период на пандемија од вирусот ковид-19, кој во државава досега однесе 517 животи.

Нивниот став е дециден, да се продолжи со онлајн-настава, а во спротивно најавуваат и бојкот на наставата ако се донесе одлука таа да биде со физичко присуство на децата.

К. Додевска

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено

Петок, Август 7, 2020 - 11:07

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе