Инфективна клиника

Лекарите се борат за животот на 16 - годишна девојка болна од ковид-19

На Инфективната клиника во Скопје лекарите се борат за здравјето на 16-годишна девојка, која разви мошне тешка форма на ковид-19. Директорката на Клиниката, Милена Стевановиќ, вели дека во моментот лекарите немаат точни податоци дали младата девојка има претходни болести.

Пациентката манифестира и развива тешка ковид-презентација, изјави за Сител директорката на Инфективната клиника во вчерашниот телевизиски дневник.

Вчера од Министерството за здравство беше соопштено дека на Инфективната клиника почина 17-годишна девојка, која претходно била лекувана во болницата во Битола. Таа имала тешка форма на дијабетес, не била вакцинирана и не била веднаш хоспитализирана.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши вонреден надзор за смртта на девојката, односно се анализира целокупното лекување кај матичниот лекар и во клиничката болница во Битола.

Инаку, во Македонија од ковид-19 починаа и 15-годишно девојче и двегодишно дете, кои имале претходни заболувања.

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе