Протест

Лекарите предупредија: Ако не се спречи насилството, следниот протест ќе почне и нема да заврши

Под мотото „Стоп за насилството врз здравствени работници“ денеска претпладне во кругот на Клиничкиот центар, во организација на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари, се оддржа протест на медицинските работници.

„Медицинскиот персонал во нашата земја е најниско платен во Европа, со обем на работа над секој можен стандард, во без малку катастрофални услови за работа, но и покрај се овај персонал го носи на свој грб тешкиот товар, овој здравствен систем да опстои. Токму поради ова не дозволиво е било какво насилство врз медицинскиот персонал. Собрани сме да кажеме доста е. Ова ќе биде наш последен револт, повеќе не смее да дозволиме да бидат напаѓани здравствените работници. Долги години тенденциите и негативната кампања се одразуваат врз медицинските работници, а целта е да се стават во сенка лошите одлуки на раководните лица во системот. Време е да се преземат мерки за подобри услови на работниците и пациентите. Ќе престанеме да работиме се додека овие прашања не бидат решени“, изјави во име на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари, Ненад  Лазаров.

Од Асоцијацијата истакнаа дека следниот протест ќе почне и нема да заврши и испратија пет барања: Итно донесување закон за докторска дејност кој ќе биде составен во соработка со сите еснафски здруженија, итно законско изедначување на нападот на целиот медицински персонал со напад на службено лице, полицико обезбедување на сите поголеми здравствени установи, особено ургентните центри, задолжителна организација и систем на внатрешна контрола и санација на медицинските работници што се однесуваат непрофесионално кон пациентите.

Неговиот колега Божидар Кочовски рече дека како здравствени работници бараат создавање систем кој ќе биде околу пациентот, ќе овозможи подобрување на комуникацијата со пациентите за да се превенираат тие несакани појави и да се слушне нивниот глас.

Тие бараат отворена дебата со властите за да ги адресираат своите проблеми. Испорачаа пет барања – донесување закон за докторска дејност, итно спроведување и законско изедначување на напад врз медицинско лице со напад врз службено лице, полициско обезбедување на сите здравствени установи, особено во ургентните центри, вклучување на младите лекари во носењето на сите здравствени политики и задолжително организирање внатрешен систем на контрола на медицинските работници. Не дадоа конкретен рок до кога очекуваат тие да бидат исполнат, но порачаа дека тој треба да биде кус, оти во спротивно ќе престанат да ја извршуваат својата работа.

Од Синдикатот на Клинички центар велат дека здравствените работници се со пациентите, а не против нив.

„Притоа тие мора да не почитуваат и да разберат дека не сме семоќни. Истовремено мора и вработебните во здравството да се потсетат на етичкиот кодекс, Хипократовата заклетва и не смеат своите нервози, фрустрации и замор да ги изразуваат кон пациентите во никој случај“, рече Горан Беговиќ претседател на Синдикатот на Клинички центар

Побараа 24-часовно обезбедување на секоја здравствена установа во земјава и видео надзор онаму каде што законските прописи дозволуваат.

Министерот за здравство Венко Филипче кој даде поддршка на здравствените работници, истакна дека е потребно да се спроведе процес на враќање на довербата меѓу пациените и здравствените работници, да се упати порака дека со насилство не се решаваат работите.

„Со насилство не се решаваат работите. Сметам дека нема никаква логика да се крене рака кон здравствени работници кои деноноќно се борат за животите на најблиските. Сите тие пристапи се казниви и се предвидени парични, но и затворски казни. Преземавме конкретни мерки со МВР, ќе има мобилна патрола во регионот на стра градска болница, каде се случуваат најголем број инциденти, но и други места каде се третираат голем број пациенти“, рече Филипче.

Најави и дополнителни мерки кои ќе го унапредат статусот на здравствените работници, преку зголемување на плати, дежурства, услови во кои работат здравствените работници.

„Моето присуство овде е поддршка, затоа што ова е нешто што се случува со години наназад. Обезбедувањето треба да биде професионално. Минатата година година имавме обиди да обезбедиме некаква форма на професионално обезбедување со оглед на тоа дека обидите да се искористат вработебни од јавниот сектор беа неупсешни заради администравни пречки, сега се решивме за професионално обезбедување“, рече Филипче

Протестот следува по неодамнешните напади на лекари и медицински персонал во болницата „Свети Наум Охридски“ во Скопје, во Поликлиниката Драчево, а напади имаше и во Тетово и во Кавадарци.

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе