Од среда започнува процесот на имунизација

Лекарите од Инфективната клиника први ќе ја примат вакцината против ковид-19

Министерството за здравство ја информира јавноста дека во среда во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби ќе започне вакцинирање на здравствените работиници кои работат во ковид-центрите во цела држава.

Вакцинацијата ќе почне во 10 часот, а прв ќе се вакцинира медицинскиот персонал кој работи на Инфективна клиника во Скопје. Пунктот во модуларната болница каде има 6 вакцинални позиции, ќе работи во две смени од 8 до 20 часот, а вакцинацијата ќе ја спроведуваат медицински тимови од Здравствен дом Скопје.

Според утврдениот план, термините за вакцинирање ќе бидат на 10 минути.

Од МЗ информираат дека во текот на денешниот ден Националниот систем, до ковид-центрите низ државата, испраќа списоци каде се наведени имиња на здравствени работници кои сакаат да се вакцинираат, со точен час и ден кога треба да дојдат да ја примаат вакцината во модуларната болница на КИБФС во Скопје.

Ковид-центрите треба повратно да ги потврдат листите.

Секој здравствен работник кој ќе прими вакцина веднаш ќе му биде резервирана втора доза за ревакцинација.

Вчера во нашата земја од Република Србија пристигнаа 4.680 дози вакцини од производителот Фајзер. Со оваа пратка вакцини, имунизација ќе се споведува само во модуларната болница во Скопје.

Со пристигнувањето на другите дози вакцини во државата, ќе се врши дистрибуција на вакцини низ останатите здравствени домови во земјава каде вакцинацијата ќе се спроведува во постоечките вакцинални пунктови.

 

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе