„Во четвртокот наутро грчката фрегата Хидра, додека придружуваше трговски брод во Аденскиот залив, собори две беспилотни летала“, изјави претставник за Ројтерс.
„Едниот дрон е уништен, додека другиот се оддалечи“, додаде тој. Друг претставник на одбраната ги потврди деталите за инцидентот.
Грција ја стави на располагање фрегатата на мисијата на ЕУ, наречена Аспидес (Штитови), започната во февруари како помош во заштитата на клучниот поморски трговски пат од нападите со беспилотни летала и ракети на Хутите поддржани од Иран, кои велат дека целат комерцијални бродови како одмазда за израелската војна во Газа.