Кумановскиот градоначалник Димитриевски потврди дека е позитивен на ковид-19

Градоначалникот на Куманово, Максим Дитриевски на неговиот профил на Фејсбук потврди дека е позитивен на коронавирусот и дека е еден од новите 40 позитивни лица во Куманово. 

Тој ги повика граѓаните да ги почитуваат мерките и да избегнуваат блиски контакти.

„Сега ги добив најновите резултати за новите позитивни лица во Куманово, вкупно четириесет мои драги сограѓани помеѓу кои сум и јас.
Ве охрабрувам заедно и дисциплинирано да продолжиме во борбата против ова заедничко зло, знам дека ќе го победиме, убеден сум во тоа, ве молам за воздржаност, нема простор за паника, барам од вас дисциплина, почитување на мерките и препораките за социјална дистанца.
Ве молам, од душа и срце ВЕ МОЛАМ, почитувајте ги мерките, избегнувајте ги блиските контакти, здравјето ни е најбитно, така ќе победиме сите.
Нема простор за паника, ОШЗС ќе продолжи со својата работа во борба против коронавирусо по препораките на епидемиолозите и стручните лица.
Чувајте ми се и мислете и на себе и на своите најблиски, мислете на сите околу вас, јас останувам со вас до конечна победа“, напиша Димитриевски на Фејсбук.

 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе