Хавана би можела да нѝ прати свои лекари

Куба ќе ѝ помогне на Македонија во борбата со короната, ако побараме

По урнекот на помошта што несебично ја пружи во Италија и во Франција, Куба е подготвена да ѝ помогне во секое време и на Македонија доколку е тоа потребно во справувањето со епидемијата од ковид-19, вели амбасадорката на Куба Каридад Јамира Кието Милиан. Таа денеска имала средба со премиерот Заев. Куба со девет лекари на илјада жители е на првото место во светот, според статистиката на Светската здравствена организација.

По урнекот на помошта што несебично ја пружи во Италија и во Франција, Куба е подготвена да и помогне во секое време и на Македонија доколку е тоа потребно во справувањето со епидемијата од ковид-19, вели амбасадорката на Куба во земјава Каридад Јамира Кието Милиан.

„Куба е подготвена да соработува со било која земја во светот. Да се спротивстави не само на коронавирусот, туку и да помогне во секој случај на итност или болести. Во моментов имаме кубански доктори во 59 земји во светот, а во 37 земји од нив се борат со коронавирусот, или во бројки, 39 илјади кубански доктори помагаат ширум светот за да се спротивстават на пандемијата. Секако, ние ќе бидеме подготвени да ѝ помогнеме и на Македонија и на македонскиот народ", вели амбасадорката на Куба, Милиан во разговор за телевизијата Канал 5.

Куба има 9 лекари на 1.000 жители, најмногу на светот според Светската здравствена организација и ефикасно и евтино здравство. Оваа земја има искуство и со производство на вакцини, a во моментов е во трка за пронаоѓање и на сопствена вакцина против коронавиурсот.

„Истражувањето се одвива добро. Сега сме во втората фаза. Во првата група беа тестирани повеќе од две илјади луѓе, се покажаа одлични резултати без несакани ефекти. Сега сме на половина од клиничкото тестирање на втората група на над пет илјади Кубанци. Резултатите официјално ќе бидат објавени од кубанската влада и најверојатно до февруари - март следната година кубанската вакцина ќе биде подготвена." вели амбасадорката на Куба, Милиан.

Амбасадорката Милиан претпладнево се сретна со премиерот Зоран Заев. Како што вели, разговарале за зајакнување на економските, инвестициските и трговските односи меѓу двете земји.

Таа им порача на македонските граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирсот и нагласи дека превенцијата и дисциплината се најважниот фактор за да се победи оваа зараза.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе