вторник, 16 април 2024

Српски специјалец исчезна при скок од хеликоптер, сега е најдено неговото тело

Во каналот Дунав-Тиса-Дунав утринава било најдено тело на специјалец на српската војска, кој исчезнал вчера за време на редовна обука на скокање од хеликоптер на водена површина, соопшти министерството за одбрана на Србија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вчера околу 12 часот при реализација на редовни вежби на скокање од хеликоптер дошло до инцидент при кој припадникот на српската војска исчезнал, додека друг бил потешко повреден.

Повредениот војник бил префрлен во Военомедицинската академија во Белград, каде синоќа бил опериран и се наоѓа на интензивна нега. Српското министерство за одбрана соопшти дека е формирана комисија за истражување на настанот, со цел да се утврди како дошло до инцидентот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ