Влада

Кризна состојба за менаџирање со приватните болници

Владата синоќа го прифати предлогот на Советот за безбедност за воведување кризна состојба во целата држава поради зголемениот број на заболени со ковид-19. Ова значи дека државата ќе менаџира и со приватните болници и нивниот медицински кадар за поуспешно справување на корона-кризата односно поуспешно лекување на се поголемиот број на заразени со ковид-19.

На владина седница синоќа почна постапката за кризната состојба откако согласно со Законот за управување со кризи беа донесени решенија и  во Управувачкиот комитет и Групата за процена беа назначени в.д. директорите на Центарот за управување со кризи и на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов и Беким Максути.

Вчера беа регистрирани нови 1.198 случаи, а починаа 26 лица од ковид-19. Ваква кризна состојба за првпат ќе биде воведена во Македонија. Министерот за здравство Венко Филипче за денеска најави дополнителни детали за тоа како ќе се спроведува оваа одлука во пракса, односно дали граѓаните кои евентуално ќе се лекуваат во приватните болници за време на кризната состојба ќе плаќаат по цените што ги имаат приватните болници или ќе плаќаат како да добиле услуга во јавноздравствените установи.

Власта смета дека нема да има ефект ако се воведе полициски час. Треба да се носи маска и на отворено и затворено, да се мијат раце често и да нема групирање, вели Филипче.

„Во моментов ние имаме прогласено кризна состојба на северната и јужната граница во врска со илегалните преминувања на мигранти и бегалци. На тие подрачја, полицијата и војската работат заедно. Откако ќе биде декларирана кризна состојба на цела територија, ќе биде овозможена на целата територија на земјата. Армијата веќе дава поддршка на здравствените институции и полицијата, но во лимитиран обем. Откако ќе биде прогласена кризната состојба, тогаш Законот за одбрана и Законот за управување со кризи посебно даваат пошироки можности за поддршка на надлежните институции, пред се здравствените“, изјави по вчерашната седница на советот за безбедност претседателот на државата Стево Пендаровски.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 51.213, бројката на оздравени пациенти е 30.204, на починати е 1.423, а бројот на активни случаи изнесува 19.586.

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе