Проширување на капацитетите за лекување на болни од коронавирусот

Ковид-центар стана и Клиниката за уво, нос и грло

Во текот на денешниот ден ќе се отвори и ковид – центарот на Клиниката за уво, нос и грло, каде ќе можат да се сместат дополнително 50 болни. Остануваат на располагање и капацитетите во делот од Хируршките клиники кои по потреба ќе бидат отворени во наредните неколку дена.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска имаше среба со директорите на ковид – центрите од комплексот клиники „Мајка Тереза" во Скопје, на која беше речено дека денеска ќе биде отворена Клиниката за уво, нос и грло за лекување на пацинети болни од коронавирусот.

На средбата била разгледана состојбата со пополнетоста на капацитетите на клиниките и динаминиката на отворање на нови оддeленија за ковид пациенти.

Во моментов Интерните клиники располагаат со околу 190 болнички кревети со довод на кислород. Иако пополнетоста на капацитетите е висока, постојано се прават исписи на пациенти и слободни места има, соопшти Министерството за здравство.

Вкупно во комплексот клиники „Мајка Тереза" има околу 350 кревети за ковид пациенти распоредени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и на Интерните клиники- Клиниката за дерматовенерологија, Клиниката за очни болести, Клиниката за нефрологија, Клиниката за гастроентерохепатологија и Клиниката за неврологија, како и на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ. Допополнителни 110 кревети има во ГОБ „8 Септември", а 40 на Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле, стои во соопштението.

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе