Осум градови без активни случаи

Ковид-биланс: За 24 часа 85 нови случаи од 1.334 тестирања, нема починати

Во изминатите 24 часа направени се 1.334 тестови, а регистрирани се 85 нови случаи на ковид-19 од кои 19 се реинфекции. Од тестираните позитивни се 7,5 отсто. Оздравени се 48 пациенти, а починати лица нема. Бројот на активни случаи денеска е 572, информира Министерството за здравство.

Новите случаи на ковид-19 се во Скопје – 60, Битола - 7, Охрид – 4, Неготино – 3, Тетово, Кавадарци и Кочани по 2 и во Штип, Кичево, Гевгелија, Ресен и Делчево по 1.

Регистрирани сe 48 оздравени пациенти од кои од Скопје – 34, Битола – 9, Ресен – 2, а од Охрид, Куманово и Прилеп по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин дополнително не се регистрирани починати лица.

Направените 1.334 тестови се преку: ИЈЗ-185, ЦЈЗ Скопје-28, ЦЈЗ Битола-32, ЦЈЗ Прилеп-6, ЦЈЗ Тетово-4, ЦЈЗ Куманово-38, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-9, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–62, Жан Митрев (Филип Втори)-30, Авицена-39, Биотек-71, Систина-32, лабораторија Лаор-24, Синлаб-16, Ремедика - 15, Плодност-12, Генеа-8, Никоб Лаб-61, ВФВ Медикал-15, Ели МедикаПлус-16, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–9, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–6, Рамус-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 596.

Досега во земјата се направени вкупно 2.054.677 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 311.936, бројот на оздравени пациенти е 302.061, на починати е 9.303, а бројот на активни случаи изнесува 572.

Дистрибуција по градови: Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 146.918, Активни 393

Куманово 16.676, Активни 5

Битола 15.654, Активни 50

Прилеп 14.210, Активни 9

Тетово 13.479, Активни 6

Кавадарци 10.685, Активни 7

Велес 9.792, Активни 6

Гостивар 9.608, Активни 5

Охрид 8.919, Активни 23

Струмица 8.073, Активни 1

Штип 8.070, Активни 25

Кичево 5.651, Активни 8

Кочани 5.093, Активни 3

Струга 4.728, Активни 2

Гевгелија 4.421, Активни 3

Неготино 3.694, Активни 7

Ресен 2.751, Активни 3

Свети Николе 2.634, Активни 3

Радовиш 2.531, Активни 1

Крива Паланка 2.416, Активни 1

Делчево 1.986, Активни 2

Берово 1.682, Активни 4

Дебар 1.677, Активни 1

Валандово 1.488, Активни 0

Виница 1.394, Активни 1

Пробиштип 1.267, Активни 0

Богданци 1.021, Активни 0

Кратово 965, Активни 0

Крушево 929, Активни 1

Демир Хисар 835, Активни 0

Македонски Брод 738, Активни 1

Демир Капија 593, Активни 0

Македонска Каменица 525, Активни 1

Пехчево 486, Активни 0

Дојран 347, Активни 0

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе